ЈОВЕСКИ: „ЛА ВЕРИТА“ ШИРИ ШПЕКУЛАЦИИ ЗА ВИЛМА РУСКОВСКА

//

Државниот обвинител Љубомир Јовески ги означи како чиста шпекулација наводите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ во однос на трансакцијата од 750.000 евра на Меѓународниот сојуз и постапувањето на обвинителката Вилма Русковска.

Според Јовески, во периодот за којшто пишува весникот Русковска не била раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

„Тоа е чиста шпекулација затоа што во тој период ниту Русковска била раководител на Обвинителствотото за гонење на организиран криминал и корупција, ниту пак има вистина во тоа кој и како се јавувал и за што се јавувал“, изјави Јовески.



„Ла Верита“ во написот на новинарот Ларис Гајсер објави дека „притворањето на Фросина Ременски делува како битна амортизација со која премиерот Зоран Заев се обидува уште еднаш да се спаси од кривична одговорност“.



Претходна статија

ГАЛЕРИЈА: ЗАВРШИ ТРИДНЕВНИОТ БАЗАР НА РАКОТВОРБИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИНСТИТУТОТ„КРЕАТИВНА МАКЕДОНИЈА“

Следна статија

ГДУ: ДРУШТВО ЗА РЕАФИРМИРАНИ ПОЛИТИКИ

Најново од Вести