ГАЛЕРИЈА: ЗАВРШИ ТРИДНЕВНИОТ БАЗАР НА РАКОТВОРБИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИНСТИТУТОТ„КРЕАТИВНА МАКЕДОНИЈА“

//

Заврши тридневниот базар на ракотворби во организација на Институтот „Креативна Македонија“, кој се одржа во „Public Room“ во периодот 17-ти, 18-ти и 19-ти октомври 2019 г.

Базарот организиран под мотото „Ехо на минатото, крик во сегашноста“ освен што им понуди на посетувачите уникатни ракотворби, беше и со хуманитарен карактер. Меѓу штандовите на ракотворците имаше и катче за донации наменето за Јана Арсовска од Охрид, која веќе неколку години се бори со тешката болест адултен неуробластом. На самиот штанд беа изложени ракотворби и книги кои исто така играа улога во донацијата.

Еве што изјавија за нашиот портал дел од учесниците на базарот:

„Начинот на изработка на иконите го научив во манастир, техниката за изработка е древна. Иконите се изработуваат на липови даски со јајчена техника, со златни листови. Веќе неколку години учествувам на базарот за ракотворби, најчесто соработувам со Креативна Македонија. За жал куповната моќ ни е ограничена, оваа уметност е скапа и ако направиме паралела со обичен мобилен телефон за него може да се дадат 500 евра, а за икона 200 евра се многу. Иконата може да се наследи и да биде во фамилијата со векови“, изјави за нашиот портал Деница Филипова, изработувач на икони.



„Марамите ги работам со три различни техники, сите се рачно сликани а накитот го работам веќе две години и целата понуда е изработена со кожа. Веќе една година изработувам и накит каде што употребувам керамика. Процесот на изработка на овој накит е сложен и трае од прилика еден месец. Веќе 15 години учествувам на базари за ракотворби, сите накити и марами што ги изработувам се уникатни и различни“, изјави за нашиот портал Елеонора Дулјанова, ракотворец на марами и уникатен накит.

На базарот за ракотворби учество зеде и Елизабета Петковска, девојка со Даунов синдром, која се претстави со своите уникатни ракотворби украси и накити. Елизабета веќе 30 години е ракотворец. Инспирација за моделите најчесто црпи од секојдневниот живот и од интернет а истите ги нуди на повеќе базари, од кои некои се со хуманитарен карактер.

Повеќе фотографии од овој прекрасен настан, можете да погледнете на официјалната facebook страна на организаторите од Институтот „Креативна Македонија“.

Претходна статија

ЗАЕВ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ БРЗИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА

Следна статија

ЈОВЕСКИ: „ЛА ВЕРИТА“ ШИРИ ШПЕКУЛАЦИИ ЗА ВИЛМА РУСКОВСКА

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да