Радев разговарал со Фон дер Лајен за влезот на Бугарија во Шенген зоната
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска разговарал телефонски со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти прес-службата на претседателот.
Во фокусот на разговорот било приклучувањето на Бугарија во Шенген зоната, како и мерките за побрзо завршување на овој процес. Претседателот Радев изразил очекување дека тоа што го постигнала официјална Софија ќе биде оценето од сите сите партнери во ЕУ, за да може Бугарија веќе следната година ќе стане дел Шенген зоната.
За таа тема ќе се разговара и на овомесечниот состанок на Советот на Европа во Брисел.

