ЗАЕВ ОБЕЗБЕДИЛ МНОЗИНСТВО-УТРЕ ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ МУ ГО ДОДЕЛИ МАНДАТОТ ЗА СОСТАВ НА НОВАТА ВЛАДА

Претседателот Стево Пендаровски утре напладне мандатот за состав на новата Влада ќе му го довери на лидерот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, соопштија од Кабинетот на шефот на државата.

loading...

„Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.


loading...