ЗАЕВ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ БРЗИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА

//

Премиерот Зоран Заев на утрешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски ќе предложи предвремени парламентарни избори во најбрзо време.

Тој не кажа кога ќе биде тоа, бидејќи како што рече ќе чека да слушне и од другите партии. Истакна дека сите опции се отворени.

„Сега е потребен вашиот став и немаме време за губење- организирање брзи предвремени избори најбрзо што може, избори на кои вие ќе донесете одлука за патот по кој треба да продолжи нашата земја и токму ова ќе виде мојот предлог на лидерската средба“, рече Заев на прес конференцијата во Владата.



Тој рече дека нема да се предаде, ќе се бори храбро и нема да престане да се бори за европската иднина на земјата.



Претходна статија

(ВИДЕО)УЧЕНИЦИ ОД БУГАРИЈА ДОНИРААТ ХРАНА ЗА ВОЗРАСНИТЕ ЛУЃЕ

Следна статија

ГАЛЕРИЈА: ЗАВРШИ ТРИДНЕВНИОТ БАЗАР НА РАКОТВОРБИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИНСТИТУТОТ„КРЕАТИВНА МАКЕДОНИЈА“

Најново од Вести