Села со критики до Рама за пристапот кон Бугарија „Се претвора во адвокат на Македонија и Србија“
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села го обвини премиерот на Албанија, Еди Рама за кој рече дека се претвора во адвокат на Македонија и ги нарушува односите меѓу неговата земја и Бугарија. Според Села, загрижувачки е тоа што Рама ја застапува Македонија отворено, и полуотворено Србија, бидејќи како што вели, Србија се зајакнува на економски план и нема потреба од ЕУ.
-Албанија имаше одлука дека ќе побара поделба. Тоа е најмудрото нешто што може да го направи премиерот на Албанија, а не да се претвора во адвокат. Мене ме загрижува неговата јавна адвокатура во заштита на Македонија, нарушувајќи ги односите со Бугарија, што всушност и не му е потребно. Друго нешто што ме загрижува е и полуотвореното застапување на условувањето кое го има Србија, а тоа е дека процесот за членство на Србија во ЕУ зависи од признавањето на независноста на Косово, вели Села.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска ѝ се обрати со груб тон на Бугарија, велејќи дека се голем хаос кои држат во заложништво две земји-членки на НАТО.

