РОМАНИЈА ВОВЕДУВА ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР ЗА ПЕДОФИЛИЈА И СИЛУВАЊЕ
Романија итно ќе воведе нов закон во кој со доживотна казна затвор ќе се казнува силувањето и педофилијата, изјави премиерката Виорика Данчила, пренесува Лидер.
Данчила ги најавува строгите мерки по случајот со 15- годишното девојче , кое беше киднапирано , силувано и убиено, а полицијата не ги земала за сериозни нејзините повици за помош.
Случајот со девојчето Александра Машечану, која беше убиена на 24 јули , откри многу недостатоци во романскиот полициски и правосуден систем. Убиецот, 65 годишен возач призна дека ја убил Александра, како и уште една 18 годишна девоја , која исчезнала во април.
