|

ЗАТВОРЕНИ ДВЕ АПТЕКИ ВО ВЕЛЕС, ПРОДАВАЛЕ ЛЕКОВИ БЕЗ РЕЦЕПТ НА НАРКОМАНИ

Две аптеки во Велес се затворени поради незаконско работење околу набавка и издавање лекови без рецепти на лица уживатели на дрога, јавува Фокус.

Како што соопшти МВР, СВР Велес вчера во координација со Одделот за криминалистичка полиција и Агенцијата за лекови и медицински средства при Министерството за здравство извршило претрес во две аптеки и дом, сопственост на В.Ј. При тоа во аптеките е откриено незаконско работење околу набавка на лекови и издавање лекови без рецепти на уживатели на наркотични дроги во големи количини.

Слични Објави