Тројца работници биле повредени додека работеле на трафостаница во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во комплексот клиники „Мајка Тереза“ повредени биле донесени С. М., А. Ј. и Н. Г.. Тие добиле повреди додека изведувале работни задачи на трафостаница на улица Трета македонска бригада.
Од полицијата информираат дека е извршен увид и се работи на расчистување на случајот.