|

АНТИКОРУПЦИСКА СЕ СЕТИ ЗА РАМИЗ МЕРКО

Антикорупциската комисија покрена иницијатива за кривична постапка против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, бидејќи имаат сознанија дека работел спротивно на законите и јавниот интерес и нетранспарентно трошел општински пари, пренесува Лидер.

Антикорупционерите се повикаа на ревизорски извештаи за финансиското работење на општината каде биле нотирани голем број нерегуларности.

Комисијата ќе ги бара од Државниот завод за ревизија (ДЗР) сите извештаи за работењето на општината во последниве 5 години.

Слични Објави