| |

АХМЕТИ ОПФАТЕН СО ОБВИНЕНИЕТО ОД ХАГ?

Али Ахмети е на списокот обвинети од Специјалниот суд во Хаг, објавија денеска неколку медиуми кои известуваат на албански јазик. Според веста објавена таму, Ахмети заедно со сега веќе поранешниот косовски претседател Тачи и уште неколку лица се товари за низа воени злосторства против човештвото. 

Од ДУИ ја демантираат оваа инфорамција. Велат дека станува збор за лажна вест. Вицепремиерот Груби на социјалните мрежи вели дека медиумите кои ги објавуваат овие како што рече лажни вести имаат за цел да им наштетат на Албанците.

„Злобната и поттикнувачка пропаганда против претседателот Али Ахмети и напорите на албанскиот народ за слобода и независност не престануваат. Лажната вест на еден албански проопозициски портал за наводното обвинение против Ахмети е најдобриот доказ за нивниот постојан став кон последните случувања и ослободителната војна на албанскиот народ.  Ахмети е коосновач на НДК и ОВК, поддржувач на владеењето на правото, неселективна правда и тоа секогаш го докажувал, дури и во случајот на последното сведочење во Приштина. Оние што сакаат да им наштетат на Албанците и на ОВК и нарачителите на лажните вести, добро би било да се воздржат од вакви клевети затоа што ниту минатото, ниту денешнината, ниту утрешнината нема да им простат, и ќе останат со заслужената дамка“ – вели Груби.

Ахмети во септември беше повикан од Специјалното обвинителство за Косово во својство на сведок како еден од основачите на ОВК за перидот 1998 – 2000 година. Тогаш Груби изјави дека  испрашувањето на Ахмети од хашките истражители е поврзано со активности на Ксово, но не и во Македонија.

Слични Објави