Милков не дојде во бугарското собрание за да зборува за нападот на Пендиков во Охрид
Министерот Милков не дојде на седницата на Народното собрание во Софија каде што требаше да ги образложи деталите за нападот на македонскиот државјанин Христијан Пендиков во Охрид. Точката која беше најавена како сослушување на службениот министер за надворешни работи Николај Милков во врска со уште еден случај на физички напад врз Бугари и бугарски државјани во Република Северна Македонија е симната од дневен ред на седницата.
Милков на оваа тема вчера зборуваше и пред колегите во Брисел. Како што пренесоа бугарските медиуми тој побарал солидарнот од останатите министри за надворешни работи во врска со пристисокот над бугарската заедница во Македонија.
Христијан Пендиков се наоѓа на лекување во Софија откако бугарската влада му организираше трнаспорт со државен авиот од Охрид, Му беше изврешена операција, а го посети и македонскиот министер за наворешни работи, Бујар Османи.
