Коѕијас ќе ги информира грчките политички лидери за преговорите во Виена
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас ќе ги информира лидерите на грчките политички партии, за разговорите во Виена и текот на преговорите за името. Според грчките медиуми, Коѕијас брифинзите ќе ги оддржува во партиските штабови. За денеска напладне официјално е закажана средба со генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција, Димитрис Куцубас, со што и ќе започне циклусот средби. Веројатно е дека денеска Коѕијас ќе се сретне и со лидерот на партијата Река, додека пак во текот на утрешниот ден се предвидени разговори со лидерката на ПАСОК и Движење за промена, Фофи Генимата и претседателот на Сојуз на централисти Василис Левендис.