Министерот за правда на Бугариja Георгиев: Подготвивме предлог-закон за решавање на бавниот правосуден систем
Министерот за правда на Бугарија, Георги Георгиев, соопшти дека е подготвен законски предлог со кој се решава еден од основните проблеми на бугарскиот правосуден систем – бавното функционирање на правдата, пренесува БГНЕС.
Министерот Георгиев го изјави ова по одржувањето на средба со премиерот, насочена кон мерки за намалување на сообраќајните несреќи и подобрување на патиштата. Средбата беше свикана по трагичниот инцидент во Телиш, каде што загина 12-годишната Сијана.
„Прва е трагедијата за родителите заради загубата на нивните деца, а втората е бавното функционирање на правосудниот систем. Ние мора да ставиме крај на ова. Ќе го направиме тоа со решителни мерки за зајакнување на контролата врз вештаците, чиј стручни мислења се клучни за исходот на случаите. Ќе овозможиме судиите полесно да ги сослушуваат вештаците“, изјави Георгиев.
Министерот исто така објави дека се разгледува законски предлог со кој ќе се овозможи користење на илјадници општински камери ширум земјата за санкционирање на прекршителите. „Така како што се прави ширум светот“, додаде тој.