| |

МОМО НИКОЛОВСКИ ТЕШКО БОЛЕН, СЕМЕЈСТВОТО СОБИРА СРЕДСТВА ЗА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО

Познатиот пејач на народна музика, Момо Николовски, се соочува со премреже во животот. Семејството на социјалните мрежи апелира за помош и собирање средства за лекување на Николовски во странство. Тој боледува од абдоминален канцер и му треба помош за понатамошно лекување во Берлин или Истанбул.

По емотивното писмо на неговата сопруга Валбурга Батев-Николоска, на социјалните мрежи се споделуваат апели за помош на Николовски.

„Ова е мојата љубов. Човекот на мојот живот. Моето вечно момче и мојата рајска музика во срцето. Цел живот со неговата песна развеселуваше, но и безбројпати им помагаше на луѓе што беа соочени со животни предизвици. Сега е неговиот ред. Сега е нашиот ред. Ни треба помош оти звуците на љубовта не смеат да згаснат, сега кога најмногу си требаме еден на друг. Не сакам да го дадам, нема да го дадам! Неговата топла душа е моето скришно безбедно место, таму не живее темнината, таму има доволно светлина за сто животи и уште еден. Секогаш бев тука за вас и вие за мене. Барајте ме вие што знаете колку го љубам, но и вие другите што сакате некого и што некој ве сака. Овој филм мора да заврши со среќен крај, со ваша и божја помош, а во моја режија. Мече мое, судбино моја, продолжи да танцуваш со мене! Јас, ти и музиката“, напиша таа.

Слични Објави