ЗБОРУВА СКОПЈЕ

/

„Зборува Скопје“ во четири дена ќе ја обедини ликовна, театарска, филмската и мултимедијална уметност и граѓански активизам концептуално поврзан со земјотресот, но и со културната историја на метрополата.

Музејот на град Скопје, Графити галеријата во ГТЦ, КИЦ, Музејот на современата уметност, платото пред МКЦ, ќе бидат местата кои во овие четири дена за скопјани ќе понудат интересни настани кои ќе можат да се погледнат само во рамките на оваа манифестација.

Со дваесетина културни настани на неколку локации, Град Скопје ќе ја одбележи 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Со особено задоволство почетокот на манифестацијата на 23 јули, понеделник, ќе го одбележиме со враќањето на буквите од пораката на Јосип Броз Тито на источната страна на Музејот на град Скопје. Граѓаните овој настан ќе можат да го проследат од 20 часот во Музејот.

„Тивка реконструкција на земјотресот“, перформанс на Билјана Радиноска и „Сонува Скопје“, краткометражен филмски колаж на Дина Дума, се дела на нашите млади уметници што ќе бидат дел од централниот настан на 25 јули што ќе се одржи во Графити галеријата на ГТЦ.

Програма:

 

22.07.2018

СКОПЈЕ НА НАШИТЕ ДЛАНКИ 1963-2018

Опис: Отварање на работен камп

Почеток: 20:00 ч.

Локација: Студентски дом “Стив Наумов”

Организатор: Здружение за волонтерско работно и едукативно ангажирање АКЦИЈАШИ

 

23.07.2018

СОЛИДАРНОСТА СЕ ВРАЌА ДОМА

Опис: Враќање на буквите од изјавата на Јосип Броз Тито во 63та на источната страна на Музејот на град Скопје

Почеток: 20:00 ч.

Локација: Музеј на град Скопје

Организатор: град Скопје

СКОПЈЕ НА НАШИТЕ ДЛАНКИ 1963-2018

Опис: Работен камп

Почеток: 23-28.07.2018

Локација: општина Гази Баба

Организатор: Здружение за волонтерско работно и едукативно ангажирање АКЦИЈАШИ

 

24.07.2018

РУТА НА СОЛИДАРНОСТА

Опис: Панорамско разгледување на Скопје со фокус на случувањата поврзани со катастрофалниот земјотрес 1963

Почеток: 11:00 ч. и 17:00 ч.

Локација: парк на Мајка Тереза (платото пред зградата на ЕВН)

Организатор: ЈСП Турс ЈСП Скопје и град Скопје

 

25.07.2018, среда

ЗБОРУВА СКОПЈЕ – ГЛАВЕН НАСТАН

Скопје сонува

Опис: Краткометражен филмски колаж на Дина Дума

Почеток: 20:30 ч

Тивка реконструкција на земјотресот

Опис: Перформанс на Билјана Радиноска

Почеток: 21:00 ч

Разговор со смисла

Опис: Музичка програма – Концерт на Mammoth & Yashem, Концерт на Тодор Караколев, Импров сесија со музичари од новата скопска сцена

Почеток: 22:00 ч

Организатор: град Скопје

Локација: Графити галерија ГТЦ (автобуската постојката во ГТЦ)

 

26.07.2018, четврток

РАЗБУДИ СЕ СКОПЈЕ



Опис: Аудио акција

(на 5 различни локации низ градот која треба да ги потсети граѓаните на точното време на трагедијата која го задеси скопје на 26 јули 1963)

Почеток: 5:17 ч.

Локација: Град Скопје (Музеј на Современа, Музеј на град Скопје, ГТЦ, Влае, автомобил низ Партизанска)

Организатор: Група Урбани уметнички Акции / Центар за современи уметности

Положување на цвеќе пред споменикот на загинатите во земјотересот во 1963

Почеток: 10:00 ч.

Локација: Градски гробишта Бутел

Организатор: Град Скопје

МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

Крводарителска акција

Почеток: 09:00 – 17:00

Организатор: Црвен крст на град Скопје и Музеј на град Скопје

Локација: Музеј на град Скопје

ЗА СКОПЈЕ КОЕ ГО САКАМ

Опси: Поетско читање

Почеток: 18:00 ч.

Организатор: Огранизација на жени на Град Скопје и Музеј на град Скопје

Локација: Музеј на град Скопје

Од БРАТСТВО И ЕДИНСТВО ‘63 до СКОПЈЕ ‘63

Опис: Изложба

Почеток: 20:00 ч.

Организатор: Музеј на град Скопје

Локација: Музеј на град Скопје

Скопскиот земјотрес низ филмовите од архивот на Кинотеката

(Скопје, 26. 7. 1963 / реж. Кочо Недков/1963/13,29’; Ехото на мојот град/ реж. Бранко Михајловски/1963/9,06’; Катастрофа, страдања, надежи/ реж. Славко Јаневски/1963/20,24’; Културно богатство во урнатини/ реж. Димитрие Османли/1963/11,18’; Темели на солидарноста/реж. Трајче Попов/1966/13,29’)

Времетраење: 67’’

Почеток: 21:00 ч.

Организатор: Кинотека на Македонија и Музеј на град Скопје

Локација: Музеј на град Скопје

Грчката колекција во Музејот на современата уметност

Опис: Изложба

Почеток: 12:00 ч.

Локација: Музеј на современа уметност

Организатор: Музеј на современа уметност, Скопје

МКЦ ЗА СКОПЈЕ

Restart

Опис: Изложба на старата и младата генерација на македонски уметници

Почеток: 20:00

Локација: Галерија

Досие Скопје

Опис: Филмска програма

Епизоди 1 – 10

Почеток: 15:30

Локација: кино Фросина & Плато МКЦ



Претходна статија

СОБРАНИЕТО ЈА УСВОИ ЗАВРШНАТА СМЕТКА ЗА БУЏЕТОТ 2017

Следна статија

ШТО СЕ ТОА УСПЕШНИ РЕФОРМИ ВО ЗДРАВСТВОТО?

Најново од Истакнато

Последниот атентатор (8)

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев. На почетокот