|

ПРИ ВЛЕЗ ВО БУГАРИЈА СЕ ОДИ ВО 14-ДНЕВЕН КАРАНТИН

Министерот за здравство на Бугарија издаде наредба со која се воведува 14-дневен задолжителен карантин за лицата кои доаѓаат во Бугарија од Македонија, соопшти бугарското Министерство за здравство.

Со истата наредба се укинува 14-дневниот карантин за граѓаните кои пристигнуваат од Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Двете измени беа предложени од Главниот државен здравствен инспектор по проценка на епидемиолошката состојба и ризикот од ширење Ковид-19 во Бугарија, јави агенцијата БГНЕС.



Слични Објави