(ВИДЕО) АТИЏЕ: ЕДВАЈ ЧЕКАМ ДА СЕ ВРАТАМ КАЈ ПЧЕЛИТЕ

Хероината на македонскиот филм „Медена земја“, кој беше номиниран за „Оскар“ во категоријата за најдобар документарец и најдобар интернационален филм, на денешната прес-конференција реализирана со видеоприклучување на екипата од Холивуд, порача дека ова искуство е незаборавно, а таа понатаму не би сакала повторно да снима филм, но би сакала да пее.

„Од Лос Анџелес најмногу ми се допадна тоа што има океан. Најмногу ја сакам природата и едвај чекам да се вратам кај моите пчели дома. Никаде на светот нема таков мед како во Македонија. Инаку, не сакам да глумам, но сакам да продолжам да пеам“, рече Атиџе Муратова, главната протагонистка на филмот.

Таа утре патува назад кон Македонија и рече дека сака да се одмори од јавноста и не сака повеќе да дава интервјуа.

Извор: Макфакс