Бугарски уролог ќе биде гост-хирург и предавач на меѓународна конференција во Романија
Бугарскиот уролог д-р Георги Георгиев од „Хил клиник“ во Софија ќе учествува како официјален гост-хирург и предавач на 16-та меѓународна конференција „Progress in Uro-Oncology – New Technologies“, која ќе се одржи од 24 до 26 септември 2026 година во Клуж-Напока, Романија, јавува 24 часа.
Поканата до Георгиев е упатена од проф. д-р Јоан Коман и проф. д-р Николае Кришан. Во рамки на конференцијата тој во живо ќе демонстрира ласерска енуклеација кај пациент со бенигно зголемена простата и ќе одржи предавање за оваа техника.
„Уверени сме дека Вашата призната експертиза и придонес во областа значително ќе ги збогатат научните достигнувања на конференцијата“, се наведува во официјалната покана.
Д-р Георгиев е дел од тимот на HoLEP Academy во Софија, каде што обучувал специјалисти од повеќе земји, меѓу кои Бразил, Грција, Ирак, Чиле, Унгарија, Турција и Венецуела.

