(ВИДЕО) КАРАКАЧАНОВ: БУГАРИ-ТАТАРИ Е СРПСКА ИДЕЈА

Идејата дека Бугарите се татарско племе е спрска идеја, која ја смислуваат и шират Србите уште од крајот на 19 век, вели Красимир Каракачанов, министер за одбрана на Бугарија, во интервју за зум.мк, коментирајќи ги гласините во Скопје дека Бугарите како татари не можат да бидат ист народ со Македонците словени.

loading...

„Бугари-Татари“, извинете, еве погледнете ме мене. Еве ја камерата, гледам кон камерата, погледнете ме мене. Дајте една фотографија на премиерот Заев, ставете ги една до друга да видиме кој личи на Бугарин, кој личи на Татарин, кој личи на Словен. Какви Татари сме ние Бугарите?, прашува Каракачанов.

Тој смета дека Бугарија не може да биде окупатор затоа што водела три војни и дала 200 илјади жртви за ослободување на Македонија од Османската империја и српската окупација, а бугарската војска во 1941 година во неколку македонските градови била дочекана како ослободителна армија.

„Бугарскиот окупатор“ за разлика од Србите, кои не изградиле дури еден километар пат или барем едно училиште, почнува да гради училишта, железнички пруги, гради читалишта, создава економска инфраструктура“, вели Каракачанов додавајќи дека во 1943 година дури 52 проценти од буџетот на тогашното Царство Бугарија е инвестиран во запоставената тогаш Вардарска Македонија.

Според него, Царска Бугарија ги прогонувала комунистите во Македонија, не затоа што биле Македонци, туку затоа што биле идеолошки противници како и бугарските комунисти.

Зборувајќи за востанието од 1941 година, Каракачанов потсетува дека востаниците убиле еден стражар пред полициската станица, кој бил од селото Смилево, Битолско, кој сигурно не бил окупатор.

loading...


„Расфрлаат летоци, на коишто пишува: „Да живее непобедливата Црвена армија! Да живее маршалот Сталин“! Дали можете да видите некаква национална идеологија овде? Се работи за комунистичка пропаганда“, смета бугарскиот министер.

За него, самите македонски комунисти, кои биле притискани да организираат партизански одфреди против бугарската армија, признале дека населението не сака да војува против Бугарите затоа што ги смета за ослободители од српското рапство.

Извор: zoom.mk