| |

Киев и Кишињев со нов чекор напред кон членство во ЕУ

Украина и Молдавија направија уште еден значаен чекор кон членство во Европската унија, откако земјите членки едногласно се договорија за отворање на шестиот преговарачки кластер, јавува Евроњуз Бугарија.

Кластерот ги опфаќа надворешните односи, надворешната политика и безбедноста – области кои се сметаат за помалку спорни во преговарачкиот процес. Преговорите за пристапување во ЕУ се поделени на 35 поглавја, групирани во шест кластери.

Отворањето на шестиот кластер ја одразува промената во позицијата на Унгарија по изборната победа на Петер Маѓар над Виктор Орбан. Новата влада на Маѓар работи со украинската страна за решавање на спорот околу правата на унгарското малцинство во Западна Украина.

Европската комисија и Украина бараат и останатите кластери да бидат отворени пред летната пауза.



Слични Објави