ПЕТАР КОЛЕВ: ЉУБОВТА, МЕЃУСЕБНОТО ПОЧИТУВАЊЕ И ТОЛЕРАНЦИЈА СЕ ВРЕДНОСТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ НЕГУВАМЕ И ДА ГИ ШИРИМЕ ВО НАШЕТО ОПШТЕСТВО
Почитувани,
Дозволете ми од мое име и од име на Граѓанско Демократската Унија- ГДУ на поглаварот на МПЦ и сите православни верници да ви го честитам еден од најголемите христијански празници, Раѓањето Христово- Божиќ.
Љубовта, меѓусебното почитување и толеранција се вредности кои треба да ги негуваме и да ги шириме во нашето општество. Верските празници секогаш не обединувале и ни овозможувале да ги истакнеме најдобрите човечки вредности кај сите нас.
Новата 2019 година е година во која што ќе се соочуваме со многу нови предизвици. Ајде со заеднички сили да се избориме за подобра Македонија. Македонија во која што луѓето ќе имаат достен живот, ќе бидат среќни и задоволни. Да креираме иднина од која нашите поколенија нема да сакаат да избегаат од семејното огниште.
Нека ни е честит и вековит Божиќ.
Христос се роди!- се вели во Божиќната честитка на претседателот на Граѓанско демократска унија-ГДУ, Петар Колев објавена на неговата официјална facebook страна.
