| |

НА ПОВИДОК ДОГОВОР: НЕТАНЈАХУ ЈА ПОСЕТИ САУДИСКА АРАБИЈА

Израелскиот премиер Нетанјаху тајно ја посети Саудиска Арабија во неделата и се сретна со престолонаследникот Мохамед бин Салман и американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој е во официјална посета на оваа заливска земја.

Кабинетот на Нетанјаху и претставниците на американската амбасада во Ерусалим не ја коментираа веста од израелското радио дека Нетанјаху, придружуван од шефот на разузнавачката служба Мосад, пристигнал во Нео на Црвеното море и поминал пет часа таму.

Ави Шарф од дневниот весник Харец објави податоци за следењето на авионот, што покажува дека деловниот авион полетал од Тел Авив и слетал во Нео, на саудискиот брег на Црвеното Море, каде Бин Салман и Помпео имале состанок закажан за во недела.

Помпео се обидува да ја убеди Саудиска Арабија, како и нејзините соседи, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин  да воспостават официјални односи со Израел. Ројтерс известува дека ова е политика на приближување втемелена во заедничката грижа за Иран.

Во последниве години, зајакнаа тајните врски и помеѓу Израел и Саудиска Арабија, а се верува дека промената на политиката ја води престолонаследникот, кој на Израел гледа стратешки партнер во борбата против иранското влијание во регионот.

Ријад засега не размислува за нормализирање на односите со Израел, потенцирајќи дека прво треба да се реши прашањето за позицијата на Палестинците во таа земја, но саудиските власти им дозволија на израелските авиокомпании да летаат над нивните територии на нови дестинации во Персискиот Залив и Азија.

Поранешниот шеф на Мосад, Дани Јатом изјави дека договорот меѓу Израел и Саудиска Арабија ќе биде стратешки геополитички настан што во голема мера ќе придонесе за зајакнување на израелските интереси во регионот.

Слични Објави