ПОЛИЦАЕЦ ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ

//

Полицаец е повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје.

Според информациите на МВР, несреќата се случила на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје помеѓу автомобил „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.С.(52) од Скопје и мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР.

Полицискиот службеник, кој управувал со мотоциклот, бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани повреди.



Увид на местото на незгодата извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител

Претходна статија

ДЕНЕС ТРЕТА СРЕДБА ЗАЕВ-ГАШИ-СЕЛА ЗА ДРЖАВЈАНСТВАТА

Следна статија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ НЕ МОЖЕ ДА ЈА НАПУШТИ РЕЖИМСКАТА, НАСИЛНИЧКА МАТРИЦА

Најново од Вести