| |

ДЕНЕС ТРЕТА СРЕДБА ЗАЕВ-ГАШИ-СЕЛА ЗА ДРЖАВЈАНСТВАТА

Во Собранието денеска на пладне се очекува да се одржи средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, потврдиле за МИА од коалицијата, пренесува РСЕ.

Ова е трета средба на Заев со претставници на албанската опизиција – Алијанса за Албанците и Алтернатива и треба да се разговара за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, како и за одблокирање на работата на Собранието.

Премиерот Зоран Заев во понеделник по средбата во Собранието со лидерите на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, изјави дека имале успешен напредок и сериозен исчекор во разговорите, истакнувајќи дека до крајот на неделава на основа на анализата која експертите ќе ја направат, ќе може да се финишира со законското решение за државјанствата. И претседателот на АА, Села, истакна дека се на добар пат се да се најде заедничко решение во врска со законот за државјанство.

Слични Објави