СЛУЧАЈ „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“, СВЕДОКОТ: МИЛА ЦАРОВСКА МЕ ПРАТИ КАЈ БОКИ 13

//

Пензионерката Лилјана Тодоровска од Скопје како сведок денеска раскажа во судница како ѝ легнале на сметка 730 илјади евра од битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски за изградба на старски домови преку Меѓународниот сојуз на Боки 13. Таа била автор на проектот. Го презентирала и на владата на Никола Груевски. Но, проектот тогаш не заживеал. Во 2017 – та идејата ѝ ја покажала на тогашната министерка за труд од СДСМ, Мила Царовска. Но, Царовска ѝ рекла идејата да ја однесе во Меѓународен сојуз. Така и направила. Го презентирала проектот. Потпишала договор, но ѝ било дадено да го види само последниот лист и Боки 13 и ветил 54 илјади евра хонорар. Но, Тодоровска тврди, пари не добила. Дури била викната во Финансиската полиција и во Обвинителството откако на сметка ѝ легнале над 700 илјади евра од бизнисменот, а парите биле замрзнати. Институциите не нашле проблем, а дека сè ќе биде во ред во просториите на Меѓународен сојуз ја тешел Александар Кирацовски, поранешниот генерален секретар на СДСМ, јавува Алсат.

Целиот напис прочитајте го овде.



Претходна статија

ГРУЕВСКИ СЕ ПРАВДА ДЕКА НЕМА ЧЕТИРИ СТАНА

Следна статија

ФИЛИПЧЕ: МАСОВНАТА ВАКЦИНАЦИЈА ЌЕ ПОЧНЕ ВО АПРИЛ СО КИНЕСКАТА И РУСКАТА ВАКЦИНА

Најново од Вести