ОСМАНИ НАЈАВИ ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ВО 2019 Г.
Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи изјави дека во 2019 г. Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ. Според Османи тоа може да стане реалност бидејќи 2018 г. била историска, а се очекува и финализација на обврските од Преспанскиот договор. Османи ја спомна и реализацијата на зацртаното од Планот 18. Според него, во однос на датумот за преговори постои техничка дилема бидејќи се стеснува временскиот простор меѓу објавувањето на извештаите за земјите кандидати, кое вообичаено се случува во април, одржувањето на изборите за ЕП и разгледувањето на тие извештаи од земјите членки на ЕУ.