| |

НЕЗАВИСЕН: ИЛЈАДНИЦИ ТОНИ ЈАБОЛКА СКАПУВААТ- ОВОШТАРИТЕ ПРОТЕСТИРААТ

Незадоволни од ниските откупни цени и проблемите со пласманот на јаболката, преспанските овоштари излегоа на протести и два часа го блокираа магистралниот пат Ресен-Битола, кај месноста Макази. Тие бараат итна средба во Владата за надминување на проблемите, во спротивно предупредуваат дека на Преспа ѝ се заканува еколошка катастрофа, затоа што по магацините, во несоодветни услови, складирани се околу 50 илјади тони јаболка. Производителите велат дека немаат пласман, затоа што по неколку исклучително лоши години со временски непогоди и преполовен род, последната реколта со хиперпродукција ја намали откупната цена од три до шест денари за килограм трпезно и еден денар за килограм индустриско јаболко. Бараат владината интервентна мерка од три денари субвенција, која траеше до декември лани, да продолжи до јуни, а исто така бараат ланските субвенции да им бидат исплатени во следните два месеца. (Повеќе)



Слични Објави