| |

ЗАЕВ: ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА ЌЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ ИМАМЕ КОНСЕНЗУАЛЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

До крајот на неделата ќе се знае дали СДСМ и ДУИ ќе настапат со консензуален кандидат на претстојните претседателски избори, тоа го изјави премиерот Заев по завршувањето на состанокот со Ахмети. Тој истакна дека има шанси за заедички кандидат. Заев одби да каже за кои имиња се разговарало, наведувајќи дека тоа ќе стане јасно во втората фаза од разговорите. ВМРО-ДПМНЕ во саботата ја избра професорката Гордана Силјановска за кандидат за претседател од нивната партија.

Слични Објави