ЈУБИЛЕЈ: ПРИЛЕПСКИОТ ТЕАТАР ОДБЕЛЕЖУВА 69 ГОДИНИ

Со прикажувањето на претставата „Пиреј“ од Петре. М. Андреевски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, вечерва (18 февруари) со почеток од 19.30 часот, театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ќе одбележи 69 години од основањето.

„Завесата во театарот за првпат се кренала на 18 февруари 1950 со изведбата на претставата ‘Кир Јања’, а низ годините во него се прикажани над 370 премиери, одиграни се над 7000 претстави кои ги гледале одолу 2 милиони луѓе“, информираа од Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп.

Меѓу претставите за одбележување се најгледаната „Солунски патрдии” во режија на Коле Ангеловски, потоа „Од кол на кол“ исто на Ангеловски, како и „Силјан Штркот”, „Кумови”, „Собирен центар”, „Туѓо сакаме свое не даваме”, „Молам за секс”, „Спиро Црне”, „Арсениј”, „Опера за три гроша”.



Слични Објави