СО „ПРЕД ДОЖДОТ“ И „ГРАНИЦА“ ЗАВРШУВА ПРОГРАМАТА ЗА ЕВРОПСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА „КИНЕНОВА“

Истакнато Култура
Со „Пред дождот” и „Граница” денеска завршува програмата за Европско културно наследство на „Киненова”
Фестивалот на дебитантски филм „Киненова” во рамки на програмата „Балканската филмска уметност како европско културно наследство го прикажа филмот „Устав на Република Хрватска”, а денеска со проекциите на „Пред дождот” (20 часот, Кинотека на Македонија) и „Граница” на Али Абаси (22 часот, Кинотека на Македонија).
Оваа програма се реализира надвор од официјалната програма и има за цел преку проекции на овие филмови да поттикне дебата во однос на темите и прашањата кои истите храбро ги отворааат, а се однесуваат на проблемите што се уште го спречуваат либералниот напредок на регионалните општества.
Филмовите од оваа програма, прикажуваат силни, длабоки, внатрешни, меѓучовечки конфликти на основа на социјална или општествена поделеност, етничка или сексуална определба, но во исто време поттикнуваат и нудат дијалог како решение. Тие отвораат сериозни прашања кои реферираат на општествата каде дејствуваат авторите, но низ призма на универзалните човекови вредности. Овие филмови одбележаа една етапа од развојот на балканските општества и силно и храбро, преку моќта на универзалниот филмски јазик отворија актуелни болни теми кои ги инхибираа локалните општества каде припаѓаат или од каде потекнуваат авторите но се дел и од поширокиот регионален контескт.   Еден од основните вредносни универзални нишки која ги поврзува овие дела е моќта да се воспостави меѓукултурен дијалог и културните и човечките разлики да се претворат во предности.
Нивната авторска храброст, слоевитост, длабочина, универзален авторски и човечки пристап, филигрански претцизна филмска нарација, но и социолошко и културолошко значење избликнуваат и ги прават значајно наследство на регионалните кинематографии, но воедно и општо европско културно наследство.
Целта на оваа програма е преку проекциите на овие филмови да се поттикне дебата по однос на темите и прашањата кои истите храбро ги отвораат, а кои се однесуваат на проблемите кои сеуште го спречуваат либералниот напредок на регионалните општества.