| |

МАНЧЕВСКИ: МАКЕДОНИЈА АПЛИЦИРА ЗА ДОМАЌИН НА РЕГИОНАЛНАТА АКАДЕМИЈА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТА

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, се обрати во министерскиот панел на тема: „Дигитална економија- мотор за економски развој“, во рамки на меѓународната конференција „Digitalks“, што вчера и денеска се одржува во Приштина, Р. Косово.

Министерот Манчевски зборувајќи за дигиталната трансформација како основа за дигитална економија, се осврна на предизвиците што ги носи новото време и потребата од реорганизација како на јавниот така и на приватниот сектор.

„Од што зависи трансформацијата? Најчесто од потребата, побарувачката, економската или политичката кризата. И овде го гледам нашиот потенцијал тука на Балканот. Затоа сум позитивен што ќе бидеме двигатели на дигиталната трансформација, дури и на европско ниво. Живееме во криза многу децении. Но, сега имаме нова енергија за решавање на конфликти и соработка. Нашите граѓани бараат од нас да соработуваме и да им обезбедат подобри услови за живот. Тие бараат подобри, поефикасни и поевтини услуги. Ние ги имаме луѓето на наша страна, имаме знаење, имаме потенцијал во нашите млади луѓе. Но, ние треба да ги задржиме тука, каде што се родени и им даде причина да останат тука. Дигиталната трансформација е процес. Процес на раст и развој. Многу скап процес, што не остава простор за грешки. Нашата цел е јасна, да ги максимизираме можностите што ги нудат новите технологии и да создаде средина што одговара на дигиталната ера, која ќе донесе раст, ќе ги зголеми инвестициите и ќе создаде нови можности за бизнисите во сите сектори“, истакна министерот Манчевски.

Како што потенцираше тој, ако приватниот сектор ја прифаќа потребата од промена нема зошто тоа да не го направи и јавниот сектор.

„Административната реорганизација треба да води кон подобра бизнис клима, кон администрација ориентирана кон граѓаните. Ова ќе значи поставување на нови правила. Правила кои во голема мера се превземаат од приватниот сектор. Но, тоа не треба да бидат правила што би довеле до прекумерна регулација. Патот на дигиталната трансформација не е лесен. Потребни се инвестиции во инфраструктурата, но и во човечкиот ресурси. И не само инсталирање на хардвер и софтвер. Најчесто, дигиталната трансформација значи целосен редизајн на процесите. Владите кои ќе постигнат успех во процесот на дигиталната трансформација ќе бидат поуспешни. Постои само една константа во новата дигитална ера, а тоа е самата промена. Само оние кои ќе воведат промени во нивните услуги и постојано ќе го подобруваат начинот на којшто соработуваат со граѓаните и бизнисите ќе успеат“, рече министерот Манчевски.

„Македонија го започна патот на дигиталната трансформација. Резултатите од оваа трансформација ќе бидат видливи за нашите граѓани веќе од почетокот на 2019 година. Воведуваме електронски регистар на граѓани. Новиот Национален портал за е-услуги ќе биде промовиран на почетокот од 2019 година. Создаваме Каталог на сите административни услуги што администрацијата ги нуди за граѓаните и бизнисите. Граѓаните ќе можат да добијат информации за било која услуга на едно место. Ја усвоивме Стратегијата за отворени податоци. До крајот на оваа година, новиот отворен портал за податоци ќе биде ставен во функција.
Владата ја усвои Стратегијата за сајбер безбедноста и сега имаме предлог верзија на Акциски план за нејзино спроведување.

Во тој контекст, Македонија аплицира за домаќин на Регионалната академија за сајбер безбедноста. Нашата цел е оваа институција да обезбеди услуги и обука за вработените во јавниот сектор од сите земји од регионот. Заедно со другите пет држави од Западен Балкан и во соработка со ЕК, работиме на конкретен Акциски план за намалување на цените на роаминг со земјите од ЕУ. Се надеваме дека Косово и Албанија ќе станат дел од договорот за регионален роаминг, многу скоро. Ние потпишавме билатерален договор за намалување на роаминг трошоците со Бугарија и наскоро ќе потпишеме со Грција“, заклучи министерот Манчевски.

На министерската панел сесија, покрај министерот Манчевски свое обраќање имаше и еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел, Бесим Бегај, министер за иновации и претприемништво на Р. Косово и Сенида Меси, заменик-премиер на Р. Албанија.

Слични Објави