ПРОМОВИРАН НАУЧНИОТ ТРУД „СОВРЕМЕНИ ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМИ“ НА ПРОФ. Д-Р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ

Вести Истакнато Македонија

Проф. д-р. Јове Кекеновски денеска во амфитеатарот на ФОН Универзитет во Скопје, ја промовира својата нова книга насловена „Современи политички системи“.  Книгата „Современи политички системи“ ја издава извадачката куќа „Матица Македонска“. На промоцијата се обратија двајца од рецензентите на научниот труд, проф. д-р Борис Манов, декан на Филозофскиот факултет на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ и поранешниот амбасадор на Република Македонија во Швајцарија, Рафет Хајдари. Тие прочитаа дел од своите рецензии и ја истакнаа важноста на ова научно дело. Во своето излагање авторот Кекеновски ја изрази својата благодарност кон сите кои му помогнале „Современи политички системи“ да се појави на пазарот како дел од малкуте македонски трудови на оваа тематика.

На промоцијата во Амфитеатарот на ФОН Универзитетот во Скопје беа присутни голем број гости меѓу кои академик Владо Камбовски, лидери на неколку политички партии, како например Павле Трајанов од Демократски сојуз, Лилјана Поповска (ДОМ), Петар Колев (Граѓанско демократска унија-ГДУ), Стевчо Јакимовски (ГРОМ), и Јанко Бачев од Единствена Македонија. Присуствуваа и голем број пријатели и соработници на професорот Кекеновски.

This slideshow requires JavaScript.