ЗАФИРОВ (ГДУ): ФИРМИТЕ ЗАГАДУВАЧИ СЕ ДОГОВОРААТ СО СДСМ И ДПМНЕ, ТЕМАТА СО ЗАГАДУВАЊЕТО ДА СЕ АМОРТИЗИРА
„Фирмите загадувачи се договараат со СДСМ и ДПМНЕ со цел прашањето за загададувањето да се амортизира и да се претвори во секојдневна тема. За возврат истите тие фирми нудат пари и гласови за големите партии“, изјави членот на УК на ГДУ Стојанче Зафиров, во емисијата „168- Анализи и коментари“ на штипската телевизија „Стар“.

