|

Сомнеж за убиство на 16-годишното момче: Притвор за девојката која била со него, се трага и по друго лице

Приведена е девојката на 16- годишното момче, чие мртво тело вчера беше пронајдено во река Пена во пределот Бањиче, јавува Слободен печат.

Се работи за 17-годишна девојка за која како што потврдија за Слободен печат од Јавното обвинителство била приведена вчера, а веќе и е определен 30 дневен притвор.

„Девојката е приведена оти е поврзана со случајот, но затоа што се работи за малолетно лице што не наполнило 18 години, треба да бидеме претпазливи во однос на информациите, но во текот на денот од ЈОРМ Скопје ќе дадат малку поконкренти информации поврзани со случајот“, соопштија од Јавното обивнителство Тетово.

Од обвинителството, велат дека се уште работат на случајот во однос на прибирање на материјални докази, кои можат да помогнат во истрагата.

Според информации на Алсат, полицијата истражува дали момчето било убиено, а по уште едно лице се трага.

Девојката следниве денови ќе биде под психијатриски надзор за да се утврди нејзината здравствената состојба – изјави за Алсат адвокатот на девојката.

„Се работи за малолетна девојка. Случајот е во процедура, за да бидеме коректни добро е во оваа фаза да ги оставиме надлежните органи да си ја завршат работат. Од вечерва, па во наредните денови, таа ќе биде под лекарски надзор за да се утврди нејзината псохофизичка сосотојба. Ова е многу трагичен настан“ изјави адвокатот на девојката Ибраим Бајрами.

Од СВР Тетово ни изјавија дека малку подоцна ќе соопштат нови информации поврзани со трагедијата во тетовско Бањиче.

16- годишното момче од Ново село, Општина Желино вчера наутро беше пронајдено мртво во водите на реката Пена, во пределот кој води кон рекреативното место Бањиче.

Потрагата по 16-годишното момче , траела 7 часа, а во неа беа вклучени тетовските пожарникари, полициски службеници и семејството на настраданиот.

Слични Објави