ПРЕДЛОГОТ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ПОНЕДЕЛНИЧКИ ВО СОБРАНИЕ

Вести Истакнато Македонија

Предлогот за уставни измени, што се резултат од договорот со Грција за промената на уставното име на Република Македонија, по дводневната расправа на собраниската Комисија за уставни прашања во понеделник ќе биде биде ставен на пленарна седница. Собраниската Комисија за уставни прашања со десет гласа „за“ и седум „против“ донесе заклучок со кој го поддржа владиниот предлог за пристапување кон промена на Уставот во врска со Договорот за името со Грција и Собранието да пристапи кон гласање на уставните измени.  За да бидат усвоени уставните измени потребно е двотретинско мнозинство во Собранието. Владата по налог на Собранието има рок од 15 дена да го изготви и утврди нацрт-текстот на уставните амандмани. Доколку уставните измени не поминат во понеделник, најверојатно ќе се оди на брзи предвремени парламентарни избори.