|

Која туристичка агенција прва започна со летните аранжмани? – ЈК Травел со исполнети капацетити во мај

Редици колони возила на македонско-грчката граница, полни плажи туристи- вака изгледаше почетокот на летната сезона во месец мај. Од најголемата македонска туриситчка агенција ЈК травел брифираат за пораст на аранжманите во овој период, а сезоната официјално ја започнаа на 15ти Мај со првите гости во Грција и Албанија.

Трендот се должи на повеќе фактори, велат од ЈК Травел.

Според податоците, ниските цени на аранжманите кои ги нуди ЈК Травел во овој период се примамливи за клиентите да уживаат во убавините на морето на просечна температура од 25-26 степени, чистиот воздух, малиот број на гужви и можноста за релаксација, но и големиот број неработни денови, ги привлекоа голем број македонски граѓани да закупат апартмани и студија од сопствен закуп и да ја започнеме сезоната комплетно подготвени во Мај. – изјавија од ЈК Травел.

Подобрувањето на ситуацијата со издавање на пасоши дополнително придонесе за зголемување на бројот на туристи во Грција, посебно Ханиоти, Неа Потидеа, Фурка, а оние кои немаат пасош заминаа со сопствен превоз на албанското приморје со лична карта.

Охрабрувачки се податоците за стартот на сезоната и зголемените побарувања на аранжмани од сопствен закуп кои ги нуди агенцијата, додека во делот на хотелско сместување, нема промени во трендот од минатите години, а истиот се очекува да кулминира во Јуни после школскиот распуст.

Она што е посебно интересен факт е зголемениот број на помлади семејства со деца кои се одлучуваат одморот да го започнат во Мај.

Среќна сезона и прекрасни моменти на одмор со топло добредојде и спремни капацитети им посакаа вработените од ЈК Травел на сите гости, и најавија одлична сезона 2024.

(ПР текст)



Слични Објави