|

Идентификувано и второто од двете пронајдени тела на Пирин

Бугарската полиција го идентификуваше второто тело, кое беше пронајдено заедно со телото на бугарски турист по кој се трагаше една недела, објави локалното издание „24 Часа“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, второто тело е на српски државјанин.

Српскиот турист ја прославил Новата година во семеен хотел во околината и на 1 јануари отишол на пешачење до врвот Вихрен на планинатата Пирин.

На снимка направена со дрон се гледа дека во реонот каде што се пронајдени двете тела има и црвена јакна, но не е јасно дали има човек во неа или тоа е само надворешната облека.


Спасувачите коментираат дека јакната била на многу поголема надморска височина од местото каде што ги нашле двајцата починати планинари и оти нема пристап во овој момент до локацијата.

Хеликоптер на бугарското воено воздухопловство нема да може помогне во подигањето на телата, поради силниот ветер во таа област. На овој начин нема да може да се погледне околу ова место за да се види дали има друго лице, коментираат планинските спасувачи.

Нова група спасувачи со е на пат кон местото под планината Вихрен. Се очекува акцијата да заврши во ноќните часови.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави