| |

Три историски погледи кон Соединението од 1885 година

Професорите Милко Палангурски од Трновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“, Веселин Јанчев од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и Петар Стојанович од Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките издадоа заедничка книга со наслов „Три погледи кон Сoединението од 1885 г.“, jaвува Радио Бугарија. Во студијата, авторите од различни агли ја анализираат улогата на кнезот Александар I Батенберг во настаните што довеле до првото значајно и трајно обединување на Бугарите по Ослободувањето.

Кнезот Александар, назначен за владетел на Бугарија од неговиот чичко – рускиот император Александар II, само седум години подоцна станал непожелен за Русија, која сакала да го тргне од бугарскиот престол. Проф. Веселин Јанчев објаснува дека според самиот кнез, неговиот „најголем грев“ пред Русија бил тоа што решил да води самостојна политика. Русија гледала на Кнежевството Бугарија како на територија преку која ќе го проширува своето влијание на Балканот и ќе се спротивставува на Австро-Унгарија и Османлиската империја. Но стремежот на Александар да ја стави армијата под бугарска, а не под руска контрола, создава клучен судир меѓу Софија и Санкт Петербург.

Друг голем проблем, според професорот, било прашањето за модернизацијата на Бугарија. Александар се залагал за современа администрација, индустрија, трговија и комуникации – амбиции што руската дипломатија ги толкувала како стремеж кон отцепување и западна ориентација. Но вистината, вели Јанчев, била дека мисијата на кнезот уште од самиот почеток била обединување на сите бугарски земји во една држава, што тој симболично го нарекувал „под заеднички царски скиптар“.

Иако тоа не можело да се оствари преку ноќ, Александар во текот на целото свое владеење ги поддржувал иницијативите за Соединението на Кнежевството Бугарија и Источна Румелија, вешто балансирајќи меѓу интересите на големите сили.

Тројцата автори заеднички напишале увод во книгата, во кој полемизираат со дел од историските и политичките толкувања на Съединението. „Съединението е едно од малкуте настани во новата историја на Бугарија за кое во учебниците секогаш имало место. Иако било толкувано во рамките на идеолошки контексти, не можело да се потисне или канализира во друго русло,“ пишуваат тие.

Секој од професорите го разгледува Соединението од различна перспектива. Проф. Милко Палангурски го сместува во контекст на националната идеја и борбите за обединување, укажувајќи на специфичностите во Источна Румелија и невозможноста механички да се повтори истото во Македонија или други региони со бугарско население. Проф. Петар Стојанович, пак, како австриски воспитаник, длабоко навлегува во документацијата, која за жал во голема мера не се чува во Бугарија.

„Нашите позиции не се поклопуваат целосно, но тоа е предност. Живееме во плуралистичко општество, каде секој треба да ја изгради сопствената гледна точка врз база на сопственото знаење,“ порачува проф. Јанчев.

Слични Објави