Проклетството на клетвите
Пишува: Дан Милошевски
Познати се многу злосторства извршени во повоена Југославија, вклучително и во Макединија од страна на Титовиот режим и неговите служители. Илјадници храбри македонски патриоти со традиционална бугарска самосвест, за кои проклетството на клетвите било да бидат најголеми жртви вo борбите за слобода на Македониа, личен интегритет и достоинство, духовни следбеници на историското ВМРО, се убиeни, репресирани, или завршиле на долгогодишна тешка робија по затворите низ Н.Р.Македонија и ФНР Југославија во организација на поверениците на режимот Колишевски, Апостолски, Темпо. Тие не сакале Н.Р.Македонија да биде дел од “Hoвата” Југославија зошто морничавите сеќавања од предходната Југославија и српската окупација биле сеуште свежи. На ова треба да ги додадеме и илјадниците македонски борци од сите националности, насилно или со манипулација испратени на Сремски фронт во организација на комунистичките повереници, да војуваат за држава која не беше и никогаш не стана нивна.
Мојот татко Стојан Милошевски (роден во Охридско-приградската населба Велгошти), со голема горчина и тага си спомнуваше на војната која “не беше наша” и ја покажуваше лузната од прострелната рана на десната подколеница “заработена” на Сремскиот фронт како 18 годишник. Многу негови другари ги оставиле животите по изораните од бомби Сремски полиња каде за куршумите единствена пречка биле човечките тела. За време на неговиот релативно краток живот, во кругот на семејството никогаш не слушнавме да каже пофален збор за комунистичкото раководство.
Титовиот намесник во Н.Р.Македонија, металскиот работник (завршил занаетчиски курс за пушкар во Крагуевац) Лазар Колишевски, не се ограничил само на уништување на човечки животи и судбини, туку отишол многу подалеку во својта суровост и налудничавост. Во 1948 година е донесен “Закон за забрана на држење кози на територијата на Н.Р.Македонија кај народот добро познат како ”Лазов Закон”. Со овој закон единствен забележан во светската историја, бројот на козите во Републиката од 516.831 домашни кози во 1947год. паднал на 69.350 во 1952годинa.Според современиците од тоа време, козите биле ликвидирани со ладно и огнено оружје. Единствените кои поседувале огнено оружје биле оние со партизанска споменица од 1941 год. доделена со двајца сведоци од комунистичкиот режим заедно со оружјето во 1945 год. Така ова била ретка можност за повекето од нив меѓу кои бил и Лазар, за прв пат да го употребат.. Биле ликвидирани околу половина милион домашни кози и нерегистриран број на диви кози. Погромот е извршен со образложение дека козите се “штетни животни кои ги уништуваат шумите, ги брстат буките, дабовите, багремите и јадат грмушки”. Децата плачеле додека неколку години со ред го јаделе месото од животните со кои другарувале и си играле и од чие млеко и сирење години наназад се хранеле и раснеле со таа храна. Во наредните години болестите кај децата заради намален имунитет драстично се зголемиле, а бројот на кози не се обнови до денешен ден.
Во исто време Маршаловиот план на USA за помош на Европа бил во тек. Маршаловиот план за помош била програма за помош од САД на 16 западноевропски земји помеѓу 1948 и 1952 година настрадани од Втората светска војна. “Тито во последните неколку недели сосема дефинитивно изјави дека би било невозможно, од внатрешно политички причини дирекно да учествува во ERP (Европска Програма за Закрепнување). Учеството на Југославија би било подеднакво непожелно од гледна точка на политиката на САД, а да не зборуваме за неверојатноста членството на ОЕЕС (Организација на Европска Економска Соработка) да ја прифати комунистичка Југославија во групата. Сепак по војната Југославија доби значајна помош во храна од САД, првенствено преку програмата на Управата за помош на обединетите нации (UNRRA). Оваа помош беше клучна поради суровата економска ситуација во повоена Југославија” се вели во меморандумот на American Department of State
Главната помош била во храна, пченица, пченка, грав, кравјо и козјо млеко во прав, јаца во прав, сувомеснати производи. На сето ова сеуште добро се сеќаваат повозрасните жители во денешна Република Северна Македонија. СФРЈ, државата на маршалот Тито и доживотен председател не била вклучена во Маршаловиот План поради бруталноста и репресивноста на режимот кон политичките противници и неистомисленици; масовни убиства, кршење на човековите права и голема политичка емиграција чиј глас го слушна светот во нивните многубројни петиции.
Денес во Р.С. Македеонија се чини државата се уште го спонзорира култот на автократите Тито и Колишевски. Отпорот на властите кон промената во Уставот со внесување на Бугарите, Хрватите, Црногорците, Египтјаните и Евреите кое е услов за почнување преговори со ЕУ, пoтсетува на едно морничаво минато. Најсиромашната република во Титовата СФРЈ, денес е најсиромашната држава во Европа. Се чини метаморфозата на сенките од минатото на двете предходни Југославии кои не му донесоа ништо добро на Македонскиот народ, ја диктираат стагнацијата на општеството кое тешко ги надминува индоктринираните предрасуди од предходните режими, а неговата инертност предизвикува загриженост во демократскиот свет.
Во демократските држави верските заедници и власта се најповикани јавно да ги обзнанат и осудат злосторствата извршени во комунизмот. Во источна Европа црквата одигра главна улога во паѓањето на комунистичкиот тоталитарен систем. Тоа е одличен пример за МПЦ како најбројна верска заедница да покаже дека е политички влијателна, обединувачка сила и морален компас одвоен од државната доктрина. Прекрасна можност да се повика на светите изреки од Стариот Завет (6:16-19 ESV/61).Има шест работи што Господ ги мpaзи, седум му се одвратни: „Надмени очи, лажлив јазик и раце што пролеваат крв, срце што смислува лоши планови, нозе што брзаат и трчаат кон злото, лажен сведок кој издишува лаги и кој сее раздор меѓу браќата“. За новата власт историска можност да направи Уставни измени, а во календарот на државни одбележувања да внесе-Комеморативен ден на жртвите од Kомунизмот. За демократскиот свет тоа ќе биде јасен сигнал дека “доброволното незнаење” e надминато и дека државата сака да излезе од светот вo koj сe наоѓа. Денешните духовни следбеници на оние за кои проклетството на клетвите било да бидат најголеми жртви вo борбите за слобода на Македониа, со личен интегритет и достоинство на историското ВМРО, денес имаат причина повеке да дадат најголем придонес за соживот, разбирање и почитување меѓу сите етнички заедници и сите соседни држави. Членка нa NATO и Единствената држава во светот која во името го содржи зборот Македонија, заслужува подобра иднина за сите нејзини граѓани, заслужува членство во EУ.

