Бугарската заедница во Мишколц во Унгарија одбележа 30 години од своето самоуправување
Бугарската самоуправа во вториот по големина град во Унгарија, Мишколц, одбележа 30 години од своето основање, јави БТА, повикувајќи се на Светла Кјосева, главен уредник на двојазичното списание за култура и општествен живот „Хемус“. Присутните имаа можност да уживаат во уметноста на виолинистката Моника Жеков, која, во придружба на пијанистот Томаш Шуха, ја изведе својата соло програма инспирирана од бугарската музика.
Бугарскиот претставник во унгарскиот парламент, Симеон Варга, му врачи на претседателот на Бугарската самоуправа во Мишколц, Јанош В’лчев, плакета во име на Бугарската републичка самоуправува.
Како што објасни Кјосева, бугарската заедница во Мишколц има долга и богата историја. Во првата половина на 20 век, во околината на индустрискиот центар се населиле бугарски градинари, кои одиграле значајна улога во снабдувањето на градското население со свеж зеленчук. За добрата организација на заедницата сведочи и фактот што во периодот од 1929 до 1945 година таму функционирало бугарско училиште. На зградата и денес е поставена спомен-плоча, раскажа главната уредничка.
По донесувањето на Законот за малцинствата во 1993 година, се создаде можност локалните Бугари да формираат свое самоуправување, кое ја презеде организацијата на настани од локално значење. „Значењето на бугарската заедница во Мишколц и нејзината активност беа високо оценети,“ истакна Кјосева.

