Родители со протест пред Собранието: „Стоп за дискриминацијата и насилството врз лицата со попреченост на работното место“
Утре во 11:55 часот пред Собранието ќе се одржи мирен протест што го организира група родители на лица со попреченост, под мотото „Стоп за дискриминацијата и насилството врз лицата со попреченост на работното место“.
Повод за протестот е, како што информираат организаторите, регистриран случај на дискриминација, психичко и физичко насилство врз лице со Даунов синдром, вработено во јавна установа под надлежност на Град Скопје.
Родителите бараат итна реакција од институциите, вклучително и дисциплинска и кривична одговорност за сторителите, како и воведување системски мерки за заштита на лицата со инвалидност во јавниот сектор.
„Настанот има за цел да ја потсети јавноста и институциите на обврските произлезени од Законот за вработување на инвалидни лица, со акцент на достоинствен третман, поддршка и инклузија“, велат родителите.
