Три медали за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по географија во Истанбул
Бугарски ученици освоија три медали на Меѓународната олимпијада по географија, одржана од 11 до 17 август во Истанбул, на која учествуваа претставници од рекордни 48 држави, јавува БНР.
Сребрени медали освоија Борис Донков, ученик во 4 година во Националната природно-математичка гимназија „Акад. Љубомир Чакалов“ во Софија, и Ѕвездемир Пенев, ученик во 4 година во Математичката гимназија „Д-р Петар Берон“ во Варна. Л’чезар Митев, ученик во 3 година во Софиската математичка гимназија „Паисиј Хилендарски“, освои бронзен медал.
Раководители на бугарскиот тим беа доц. д-р Димитар Желев и доц. д-р Калојан Цветков од Геолошко-географскиот факултет на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.
Според Желев, од 2021 година Бугарија на секое учество освојува најмалку по три медали, што тој го поврзува со промените во работата на националната комисија, раководството на тимот и подготовката на учениците.
„Овие медали значат дека во Бугарија има млади луѓе со интерес за науката кои можат да постигнуваат добри резултати“, изјави Желев во емисијата „Попладне за љубопитните“.
Тој соопшти и дека Бугарија ќе биде домаќин на Меѓународната олимпијада по географија во 2029 година, кога земјата ќе го одбележи своето 25. учество на натпреварувањето.

