(ФОТО)БУГАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ ВО АЛБАНИЈА: ПРЕД 1945 НАСЕЛЕНИЕТО ВО ПРЕСПА ИМАШЕ ЦЕЛОСНО БУГАРСКИ КАРАКТЕР

„Ние од Друштвото за бугарско-албанско пријателство сакаме да потенцираме дека пред 1945 година целото население на селото Глобочени, како и на Преспа, имало целосно бугарски карактер и се идентификувало како бугарско. Ова е документиран факт присутен во сите оригинални извори и документи од тоа време, вклучително и писмена кореспонденција помеѓу различни земји.
Еден од доказите за ова е писмото од албанските Бугари до кралицата Јоана (август 1939 година), во кое градоначалникот на селото Сотир Калешков се потпишува во име на 43 бугарски куќи.
Категорично изјавуваме дека не е точна објавата на г-дин Зоран Заев, во која тој го прогласува музејот во селото Глобочени, преспанско, за наследство на сите „Македонци“. Македонското наследство во Албанија, кое би можело да се поврзе со Република Северна Македонија, е само она што е направено по 1945 година. Поради овој факт, нема начин како да се бара некој „македонски“ идентитет меѓу Бугарите во Албанија пред 1945 година. и да се наведе етничката припадност на музејот.
Неточни факти не треба да се користат за политички цели, особено кога во нивниот темел има и финансирање од Европската унија!“, стои во соопштението на Друштовото за бугарско-албанско пријателство, објавено на нивната facebook страна.

loading...

Изявление по повод публикация на премиера на Р Северна Македония относно музея в с. Глобочени, Преспа, Република…


loading...

Posted by Дружество за българо-албанско приятелство on Понеделник, 09 ноември 2020