| |

Национална младинска конференција во Софија на 29 октомври за иднината на младинските политики

Млади на возраст од 15 до 29 години од цела Бугарија ќе можат да учествуваат на Националната младинска конференција на 29 октомври во Софија, објави Националниот информативен систем за млади на својата фејсбук-страница.

Учесниците ќе имаат можност да споделат идеи, да разговараат за важни прашања и да предложат конкретни решенија за иднината на младинските политики во Бугарија.

Бугарското Министерство за млади и спорт ќе ги надомести патните трошоци на одобрените учесници што ќе користат меѓуградски јавен превоз.

За учесниците што доаѓаат од населени места оддалечени повеќе од 200 километри од Софија ќе биде обезбедено хотелско сместување.

„Пријави се за учество и биди дел од решенијата!“, се наведува во повикот.

Слични Објави