| |

Џамбаски го покренал прашањето за запирањето на четворицата бугарски државјани на српската граница пред Европскиот парламент

Пратеникот од партијата на европските конзервативци и реформисти во Европскиот парламент Ангел Џамбазки вчера го покрена прашањето за бугарските граѓани на кои не им беше дозволен влез на српска територија, јавува БНР.

„Пред само еден час, четворица бугарски државјани – двајца народни претставници, еден претседател на партија, беа запрени на бугарско-српската граница и не можеа да влезат да ги видат Бугарите, бугарското малцинство во окупираната западна бугарска периферија. Ова се случува токму сега И ве прашувам дали ова е демократија, дали тоа се европски вредности“, изјавил пред пленарната сала во Европскиот парламент Џамбаски.

Претходно, копретседателот на ВМРО Александар Сиди објави дека Марија Цветкова – член на раководството на партијата, писателот и поранешен конзул на Бугарија во Ниш, Едвин Сугарев и Валентин Јанев – копретседател на Граѓанскиот комитет „Западни покраини“, биле запрени заедно со него на граничниот премин „Рибарици“.

Тие планирале да присуствуваат на претставувањето на книгата „Елегија за Краиштето. Судбината на Бугарите во Западните покраини“ од Едвин Сугарев. Претставувањето на книгата било дел од комеморативната вечер по повод 8 ноември, датум кој се слави како Ден на Западните покраини.

„Бидејќи биле запрени на граница, настанот не се случил, а претходно биле запленети книги од Културно-информативниот центар во Босилеград“, додава Александар Сиди.



Слични Објави