| |

Бугарскиот премиер Денков не очекува раздвојување на Бугарија и Романија на патот кон Шенген

Бугарскиот премиер Николај Денков не очекува раздвојување на Бугарија и Романија на патот за влез во Шенген зоната јавува БНР. Неговиот коментар беше по повод изјавата на неговиот романски колега Марсел Чиолаку, според кој двете земји може да се третираат одвоено:

„Оваа проценка е само за внатрешна употреба во Романија. Нема индикации дека Бугарија и Романија се на различни колосеци. Ние ги исполнивме нашите обврски според владеењето на правото“, вели Денков.

Постигнавме извонреден напредок во однос на безбедносна на границите. Мораме да одиме заедно затоа што треба да ги решиме нашите заеднички проблеми со Романија и нема причина да разговараме за такво раздвојување“, додава Денков.

Бугарскиот премиер посочи дека аргументите на Австрија против влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната се мотивирани од оценката дека зоната не функционира, што, според Денков, е проблем на Европската унија.

Темата ќе биде отворена во декември, а Денков останува умерен оптимист дека, според неговите зборови, овој разговор „ќе биде добиен“.



Слични Објави