„Не е проблем што партиски се вработуваат. Доброто во нашето општество ќе дојде кога вработувањата ќе бидат според компетенции. Не е проблем што се вработуваат припадници на ВМРО или СДСМ, туку што се вработуваат некомпетентни луѓе. Па најмалку 30 отсто од вработените во јавната адмиистрација се неупотребливи“, вели Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес во интервју за Цивилмедија.
Нека некој му каже на велешкиот градоначалник дека основен принцип на вработување во администрацијата е партиската припадност, па од таму и нормално е голем дел од административците да бидат некомпетентни, во партиските штабови сигурно не ги прашувале колку се подготвени за работа, туку им пресметале на колку партиски митинзи биле.