НЕМА МЕСТО ЗА СРБИЈА И РУСИЈА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО ЗА ПОЧЕТОКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ВО ВАРШАВА
Српскиот претседател Александар Вучиќ се уште нема добиено покана од Полска да присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од почетокот на Втората светска војна, пишува денешна Политика, пренесува Лидер.
Од Министерството за надворешни работи на Србија за овој весник изјавија дека од амбасадата во Варшава добиле информација дека за настанот поканети се само членките на ЕУ, НАТО и на Источното партнерство.
Ова ќе биде втор голем настан на кој Србија нема да биде претставена согласно нејзината историска улога и статус на сила победничка, пишува Политика, која потсетува дека на 100-годишнината од победата во Првата светска војна, на 11 ноември минатата година во Париз, Франција го смести претседателот на Србија на споредни седишта, додека косовскиот претседател Хашим Тачи седеше веднаш зад рускиот претседател Владимир Путин.
