| |

КУКАН: МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

Македонија може да добие датум за преговори за членство во Европската Унија на есен, изјави поранешниот европратеник Едуард Кукан, кој претседаваше со Работната група за Западен Балкан за време на неговиот мандат.

Во интервју за Словачката асоцијација за надворешна политика (СФПА), Кукан појасни дека Македонија со години ги исполнува критериумите за членство во ЕУ, но Унијата го одложуваше отворањето на преговорите, нешто како што вели самиот поранешен европратеник претставува „апсолутно срамно и демотивирачки“.

– На Македонија може да и се додели конкретен датум на Европскиот Самит на есен, што јас го сметам за реално, вели Кукан, додавајќи дека додека францускиот претседател Емануел Макрон веќе почнал да попушта.

Слични Објави